Home / Информации / НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА ЗА НАЈМАЛИТЕ

НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА ЗА НАЈМАЛИТЕ

Градоначалникот на општина Кривогаштани Николче Мискоски, денес ги посети прводделенците при основното училиште Манчу Матак од Кривогаштани, како и подрачните училишта во Подвис, Годивле, Славеј и Крушеани, каде најмалите добија новогодишни пакетчиња со желби за посреќна и поуспешна година што следува.

 

И дечињата од детската градинка Весело Штркче исто така се израдуваа на новогодишните пакетчиња, по што со песнички го одбележаа доаѓањето на новата година.