Home / Информации / КОНСТИТУИРАН СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

КОНСТИТУИРАН СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

Конституиран Советот на општина Кривогаштани, каде мнозинството членови за нов Претседател го избраа Горан Новакоски, кој во следните 4 години ќе го предводи претставничкиот орган на граѓаните во општината.

На денешната седница целосно се  верификувани мандатите на советниците, со што советот започна со својата работа за донесување на одлуки, во правец на подобрување на условите за живот на жителите на општината.

Советот на општина Кривогаштани брои 11 советнички места од кои политичката партија СДСМ освои  6 мандати, додека ВМРО – ДПМНЕ има 5 мандати.