Home / ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ / Пунктови за вакцинација на жителите на Општина Кривогаштани

Пунктови за вакцинација на жителите на Општина Кривогаштани

‼️ ИЗВЕСТУВАЊЕ ‼️ 💉

 

Почитувани сограѓани, Ве известуваме дека започнувајќи од 12.07.2021 – Понеделник започнуваат со работа пунктови за вакцинација на жителите на општина Кривогаштани.

 

Мобилните екипи со медицински лица ќе го посетат Вашето населено место каде што ќе можете да бидете вакцинирани.

 

На сите жители безразлика дали се пријавени на сајтот за вакцинација или не, им се овозможува имунизација во своето место на живеење.

 

Централниот пункт ќе биде лоциран во О.У Манчу Матак во Кривогаштани каде жителите од сите населени места во општината ќе можат да бидат имунизирани.

 

Во зависнот од интересот на жителите, термините за вакцинација можат да бидат корегирани и надополнети.

 

За подетални информации околу видот на вакцината и други прашања можете да се обратите на самите пунктови.

 

📎 Во прилог распоред на денови по населени места.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*