Home / ЛОКАЛНА САМОУПРАВА / АСФАЛТИРАНИ УЛИЦИ ВО ВРБЈАНИ, ПОДВИС И КРИВОГАШТАНИ

АСФАЛТИРАНИ УЛИЦИ ВО ВРБЈАНИ, ПОДВИС И КРИВОГАШТАНИ

Изминатиов период во општина Кривогаштани се одвиваат интензивни активности за асфалтирање на повеќе улици низ населените места во општината, кои активности ќе продолжат и во периодот што следува .

124334434_1391334474408514_5753110535511710930_n

Асфалтирана е улица во Кривогаштани крак на улица Македонски просветители во должина од 263 метри чија вредност изнесува 1.700.000 денари. Исто така асфалтирана е улица и во населеното место Врбјани во вкупна должина од 342 метри со вредност од 2.200.000 денари со што двете најголеми улици во ова населено место добија асфалт.

124830888_1395831020625526_1168191095128765439_n

Во населеното место Подвис завршена е рализацијата на проектот за асфалтирање на крак од улицата Даме Груев со што се доби една целина која се протега долж населеното место.