Home / Информации / Прашалник за собирање предлози за буџет на Општина Кривогаштани за 2021 година

Прашалник за собирање предлози за буџет на Општина Кривогаштани за 2021 година

Почитувани,

Општина Кривогаштани согласно насоките добиени од страна на Министерството за финансии, а врз основа на Законот за Буџети и Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа го започна процесот на изработка на нацрт-буџетот за 2021 година.

Со цел да се активираат жителите во процесот на креирање на буџетот на општината и да се алоцираат средствата во согласност со нивните потреби, креиран е прашалник преку кои жителите ќе може да партиципираат во утврдување на приоритетите во Буџетот на Општината за 2021 година.

Прашалникот се состои од неколку кратки прашања и истиот нема да Ви одземе повеќе од 10 минути.

Општина Кривогаштани однапред Ви се заблагодарува за вашето одвоено време.

ПРАШАЛНИК

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*