Home / ИНСТИТУЦИИ / ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ ВОВЕДЕ ЕЛЕКТРОНСКА НАПЛАТА НА УСЛУГИТЕ

ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ ВОВЕДЕ ЕЛЕКТРОНСКА НАПЛАТА НА УСЛУГИТЕ

Општина Кривогаштани во соработка со Шпаркасе Банка воведе пост терминал за наплата на општинските услуги се со цел подобрување на квалитетот и брзината на извршување на услугите за кои е надлежна институцијата.
Со воведувањето на оваа можност жителите ќе можат да извршат наплата со платежните картички од сите комерцијални банки во државата со следниве целни дознаки:

-Административна такса

-Данок на имот

-Данок на наследство и подарок

-Данок на промет на недвижнини

-Легализација

Copy of Copy of Copy of Copy of Copy of Copy of Copy of FINALE