Home / Информации / ТРАДИЦИЈАТА ПРОДОЛЖУВА: ЗАПОЧНА ТРАДИЦИОНАЛНИОТ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ КРИВОГАШТАНИ 2018

ТРАДИЦИЈАТА ПРОДОЛЖУВА: ЗАПОЧНА ТРАДИЦИОНАЛНИОТ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ КРИВОГАШТАНИ 2018

Општина Кривогаштани продолжи и оваа година да ја негува долгогодишната традиција во организирање на традиционалниот ноќен турнир во мал фудбал, кој веќе трета година се одржува на новото повеќенаменското игралиште во Кривогаштани.

Оваа година турнирот ја постигна најголемата бројка на учесници откако е под покровителство на општина Кривогаштани, триесет и двете екипи кои оваа година зедоа учество на турнирот само го потврдуваат успешниот проект на општината за кој градоначалникот и организациониот одбор вложуваат посебни напори за успешна реализација на истиот.

Исто така наградниот фонд оваа година ја достигна највисоката сума на финансиски средства каде освојувачот ќе понесе 70.000 денари, вицешампионот 30.000 додека третопласираната екипа ќе освои 15.000 денари.

Наредните 17 дена се предвидени да се одиграат 63 натпревари каде финалето е предвидено да се одигра на 27 Август, ден пред големиот христијански празник Голема Богородица.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*