Home / Информации / ДОБИЕНИ СРЕДСТВА ЗА ИЗРАБОТКА НА ТЕХНИЧКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ИЗГРАДБА НА МОСТ ВО БЕЛА ЦРКВА

ДОБИЕНИ СРЕДСТВА ЗА ИЗРАБОТКА НА ТЕХНИЧКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ИЗГРАДБА НА МОСТ ВО БЕЛА ЦРКВА

Општина Кривогатшани преку Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој доби средства во висина од 1.000.000  денари за изработка на техничка документација за изградба на дел од локален пат Бела Црква – Трновци со мост на Река Црна каде општината ќе учествува со сума од 210.000 денари сопствени средства.

Image (34)

Потребата од изградба на мост на Река Црна е еден од поголемите проблеми со кои се соочуваше населението  при вршењето на својата основна дејност земјоделието, каде е отежнат пристапот до земјоделските површини. Општината активно работи во изнајдување на решенија на проблемите со кои се соочуваат жителите на сите 12 населени места.