Home / АДМИНИСТРАЦИЈА / БИЗНИС / Општина Кривогаштани ги претстави своите бизнис поволности на меѓународната бизнис конференција со Турција во Битола

Општина Кривогаштани ги претстави своите бизнис поволности на меѓународната бизнис конференција со Турција во Битола

Во организација на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион денес беше организирана меѓународна конференција „Унапредување на економскиот развој во Пелагонискиот плански регион” и бизнис средби со компании од регионот на Измир, Република Турција.

img_20161026_113048

Општина Кривогаштани ја искористи можноста да ги претстави своите постоечки и потенцијални капацитети  и бизнис поволности кои ги нуди општината на можните инвеститори.

Претставени беја постоечките индустриски зони во индустриската зона Славеј како и двете нови кои се веќе во изработка и наскоро се очекува да бидат понудени на заинтересираните инвеститори.

Општината је користи секоја прилика за своја промоција и презентација со цел зајакнување и поддршка на локалниот економски развој на општина Кривогаштани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*