Home / МЛАДИ / ЕКСКУРЗИЈА ЗА УЧЕНИЦИТЕ КОИ ОСВОИЈА ПРВО МЕСТО НА НАТПРЕВАРОТ НА ЕВН МАКЕДОНИЈА

ЕКСКУРЗИЈА ЗА УЧЕНИЦИТЕ КОИ ОСВОИЈА ПРВО МЕСТО НА НАТПРЕВАРОТ НА ЕВН МАКЕДОНИЈА

Градоначалникот на општина Кривогаштани Тони Заткоски ги награди учениците од ОУ Манчу Матак – Кривогаштани кои го освоија првото место на државно ниво на натпреварот организиран од ЕВН Македонија кој минатата недела се одржа во Струга.

Во знак на благодарност и заслуга што успешно ја претставуваа својата општина и своето училиште, учениците денес добија еднодневна екскурзија, која ќе им биде мотив и понатаму да продолжат да го покажуваат и надоградуваат своето знаење.

Градоначалникот на општината уште еднаш не заборави да го награди трудот, постигнатиот резултат и да ги поттикне младите во општината успешно да го градат својот интелектуален развој со цел зацврстување и сигурна иднина  на својата општина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*