Home / Информации / ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ УЧЕСНИК НА ТУРНИР СВЕТИ НИКОЛА – ПРИЛЕП

ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ УЧЕСНИК НА ТУРНИР СВЕТИ НИКОЛА – ПРИЛЕП

По традиција и оваа година општина Кривогаштани е учесник на традиционалниот турнир во мал фудбал Свети Никола кој се одржува во арена Сонце во Прилеп. Минатата година екипата беше наградена со признание Фер Плеј на турнирот, а со ова општината продолжува да инвестира во младите и спортот откако летово беше изградено ново повеќенаменско спортско игралиште и беше започната изградба на нова спортска сала. Во наредниот период најавено отпочнување со градба на уште една спортска сала во ОУ Јонче Смугрески во Обршани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*