Home / ПРОЕКТИ / И ОФИЦИЈАЛНО ВЕЧЕРВА ЗАПОЧНА СО РАБОТА ИТНАТА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ ВО КРИВОГАШТАНИ

И ОФИЦИЈАЛНО ВЕЧЕРВА ЗАПОЧНА СО РАБОТА ИТНАТА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ ВО КРИВОГАШТАНИ

Општина Кривогаштани со градоначалникот Тони Заткоски продолжува да пишува историски датуми за општината. Денес и официјално за прв пат во својата историја општина Кривогаштани доби итна медицинска помош на својата територија за потребите на своите граѓани и граѓаните на соседните населени места од другите општини. Вечерва во присуство на Градоначалникот, директорот на итната медицинска помош заедно со медицинската екипа и група на граѓани кои дојдоа да го искажат своето задоволство и официјално започна со работа брзата помош во Кривогаштани, која за почеток ќе работи од 20 до 8 часот наутро, за подоцна да се трансформира во целодневни работни смени со што граѓаните ќе добијат комплетна медицинска помош.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*