Home / Проекти / ТЕКОВНИ ПРОЕКТИ / СЕ ПОСТАВУВААТ КАНДЕЛАБРИ ЗА УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ НА РЕГИОНАЛНИОТ ПАТ ПРИЛЕП-КРИВОГАШТАНИ КАЈ СЛАВЕЈ

СЕ ПОСТАВУВААТ КАНДЕЛАБРИ ЗА УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ НА РЕГИОНАЛНИОТ ПАТ ПРИЛЕП-КРИВОГАШТАНИ КАЈ СЛАВЕЈ

Започна реализацијата на проектот за поставување на канделабри за осветлување на регионалниот пат R-1306 Прилеп – Кривогаштани кај населеното место Славеј. Проектот предвидува поставување на вкупно 22 канделабри  кои ќе бидат поставени покрај регионалниот пат во должина од 880 метри, со што целосно ќе се осветли  делот од патот кој поминува низ населеното место Славеј, со што ќе се подобри видливоста и безбедноста како за жителите на Славеј така и за возачите кои го користат патниот правец . Проектот ќе чини 3 милиони денари, средства кои општина Кривогаштани ги обезбеди од Јавното Претпријатие за Државни патишта.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*