Home / Биографија на Градоначалникот Тони Заткоски

Биографија на Градоначалникот Тони Заткоски

Тони Заткоски

Тони Заткоски е роден на 06.01.1970 год. во Кривогаштани, каде што и живее. Оженет, татко на две малолетни деца.

Образование:

Основно образование завршува во родното место Кривогаштани а средно Економско, Правна насока во Прилеп. После завршувањето на средното образование има завршено факултет за безбедност и по професија е дипломиран криминалист. Во текот на образованието добива голем број на благодарници за успешно завршени дополнителмни едукативни процеси.

Податоци за образование

Средно училиште: СОЕПТУ Кузман Јосифоски Питу

Факултет: Факултет за безбедност – криминалист

Кариера:

После завршувањето на факултетот за безбедност се вработува во МВР на РМ каде и работи до кандидирањето за градоначалник на Општина Кривогаштани. Во текот на работниот век континуирано напредува во кариерата и до моментот кога се кандидира за градоначалник на Општина Кривогаштани Тони Заткоски беше на функција началник во МВР на РМ во секторот на МВР во Прилеп. За време на работниот стаж во МВР на РМ Градоначалникот Тони Заткоски многу пати беше наградуван како успешен работник и во тој период има добиено голем број соодветни сертификати за неговата ангажираност. Исто така за време на работниот стаж во МВР на РМ Тони Заткоски има посетувано голем број на обуки во РМ и странство за што поседува и соодветни признанија од домашни и странски институции.

Особини:

Тони Заткоски како личност е комуникативен, близок со народот, човек од збор, секогаш спремен да излезе во пресрет за голем број на проблеми од различен карактер. Со докажани способности за организирање на голем број на активности и професионален пристап кон сите предизвици.

За сите сугестии, идеии, проблеми можете да го контактирате на e-mail: tonizatkoski@gmail.com

https://www.facebook.com/Zatkoski.Toni.Gradonacalnik