Home / ПРОЕКТИ / ПОСТАВЕН ОДВОДЕН ЦЕВОВОДЕН КАНАЛ НА РЕКА БЛАТО

ПОСТАВЕН ОДВОДЕН ЦЕВОВОДЕН КАНАЛ НА РЕКА БЛАТО

Општина Кривогаштани во соработка со прилепското водостопанско претпријатие ,, Прилепско поле“ денес изгради цевоводен канал на реката Блато во близина на населеното место Кривогаштани, за одводнување на земјоделско обработливите површини од атмосферските води. Општината со оваа инвестиција на долгоречен план го реши проблемот со истекот на атмосферските води кои се насобираа на нивите на жителите на општината и предизвикуваа штети на посевите и застој во работата на земјоделците. Општина Кривогаштани и во наредниот период ќе продолжи со решавање на проблемите на жителите на општината.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*