СВЕЧЕНО ПУШТЕНИ ВО УПОТРЕБА НОВИТЕ УЛИЦИ ВО ВРБЈАНИ И КРИВОГАШТАНИ

0

Во присуство на жителита на населеното место Врбјани , градоначалникот на општина Кривогаштани Рубинчо Шефтероски, свечено ја пушти во употреба новата улица во Врбјани.

127187917_1404903513051610_3445291535622498550_n

Асфалтиран е еден од клучните краци на улицата Пелагониска во Врбјани, кој долготрајно ќе ги реши барањата  на жителите на ова населено место, кои се соочуваа со низа потешкотии во лоши временски услови, проблеми кои сега се веќе минато.

127056608_1404903679718260_5461728799779850971_n

Улицата е во должина од 342 метри, за чија реализација потребни беа околу 2.200.000 денари, средства обезбедени од буџетот на самата општина.

Исто така свечената лента се сечеше и за кракот на улицата Македонски просветители во Кривогаштани, улица со должина од 263 метри со вредност од 1.700.000 денари.

Share.

About Author

🌑 Општина Кривогаштани 🌑 Соработник зa Локален Економски Развој и Партнерство 🌑 Е-mail: npapuckoski@yahoo.com

Leave A Reply