ИЗВЕСТУВАЊЕ

0

Одделението за комунални дејности и локален економски развој на општина Кривогаштани, започна со изработка на Планот на програми за развој на општина Кривогаштани за периодот 2021-2023 година.

Се известуваат сите граѓани на општината Кривогаштани дека можат да достават предлози за проекти кои сметаат дека треба да бидат дел од тригодишниот развоен план. Сите доставени предлози ќе бидат разгледани, а тие што се важни за граѓаните на општината и реално изводливи ќе бидат дел од предлогот на Планот на програми за развој на општина Кривогаштани за периодот 2021-2023 година.
Предлозите можат да се достават по електронски пат на општинската адреса opstina_krivogastani@yahoo.com , во порака на facebook страната на општина Кривогаштани или директно во одделението за комунални дејности и локален економски развој, најдоцна до 05.11.2020 година.
Лице за контакт: Николче Папучкоски тел 070 397 005
Share.

About Author

🌑 Општина Кривогаштани 🌑 Соработник зa Локален Економски Развој и Партнерство 🌑 Е-mail: npapuckoski@yahoo.com

Leave A Reply