PRIJAVI PROBLEM 2

60 НОВИ КОНТЕЈНЕРИ ВО ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

0

Денес во Општина Кривогаштани доставени се 60 метални контејнери кои ќе бидат поставени во наслените места: Обршани, Боротино, Кореница, Годивле и Подвис. Со набавката на контејнерите за отпад,  ЈП Пелагонија ќе започне организирано собирање на отпад во овие населени места со што значително ќе се придонесе за зголемување на хигиената, како и дополнителна заштита на животната средина.

Металните контејнери  се набавени со средства од грант во вкупна вредност  од  934.153,00 денари од Министерството за финансии, преку Проектот за подобрување на општински услуги, кој е поддржан од Светска Банка.

smart

DSC09010

smart

Share.

About Author

🌑 Општина Кривогаштани 🌑 Соработник зa Локален Економски Развој и Партнерство 🌑 Е-mail: npapuckoski@yahoo.com

Leave A Reply