PRIJAVI PROBLEM 2

НАБАВЕНА НОВА МЕХАНИЗАЦИЈА ЗА ПОТРЕБИТЕ НА ЈП ПЕЛАГОНИЈА

0

Општина Кривогаштани набави два нови трактори Махиндра од 92 и 42 коњски сили заедно со специјална приклучна механизација, тракторска приколка со носивост од 4 тони, плуг за чистење на снег како и електронски распрскувач на сол и песок, со кои Општина Кривогштани долгорочно го решава проблемот со чистењето на снег на улиците и патиштата низ општината, во зимскиот период од годината.

Најповолен добавувач беше избрана фирмата ЕВРО СТИЛ – ДОО Битола каде целокупната набавена механизација изнесува 2.325.400 денари, средства обезбедени со кредит од Светска банка со ниска и поволна стапка.

Со оваа инвестиција Јавното комунално претпријатие Пелагонија добива значителна стимулација во работењето, со што ќе се овозможи непречено одвивање на сообрајќајот на сите патни правци во општина Кривогаштани преку целата година.

IMG_0245 IMG_0244 IMG_0243 IMG_0242 IMG_0241

Share.

About Author

-Општина Кривогаштани -Помлад соработник за правни прашања во одделението за урбанизам и заштита на животната средина - Е-mail: goce.neskoski@yahoo.com

Leave A Reply