ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ ЗА НАЈДОБРИТЕ ДОЛОВУВАЧИ НА МИРИСОТ НА ТУТУНОТ НИЗ ДЕТСКИТЕ ОЧИ И ИГРИ

0

Вкупно 384 деца од основните училишта во општина Кривогаштани, општина Крушево и училиштето „Страшо Пинџур“с.Мало Коњари на петтиот по ред конкурс на тема:„ МИРИСОТ НА ТУТУНОТ КОЈ ГИ ОБОЈУВА ДЕТСКИТЕ ИГРИ“,кој општините го организираа со комплетна поддршка од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

Оваа година 384 деца од 6 до 14 години конкурираа со 61 изработки од рециклирани материјали кои се користат во тутунопроизводството. На овој начин, освен што го намалуваат тутунскиот отпад, исто така влијаат на подигнување на свеста кај нивните родители за елиминирањето на детската работа во процесот на тутунопроизводство.
За прв пат како дел од конкурсот беа организирани и спортски игри со реквизити од рециклирани тутунски материјали, на кои учествуваа 40 ученици,  од четири различни основни училишта. Исто така настанот беше збогатен и со иновации изработени од рециклирани тутунски материјали од страна на ученици од V до IX одделение кои би ја олесниле работата на тутунопроизводителите при обработката на тутунот.

На манифестацијата присуствуваа претставници од организаторите на конкурсот, голем број на ученици и родители, но и претставници на тутунските компании: Сокотаб, Тутунски комбинат Прилеп и Алијанс Уан.

 

 

DSC08551

DSC08555 DSC08562 DSC08565 DSC08598 DSC08599 DSC08616 DSC08627 DSC08645 DSC08671 DSC08684 DSC08695 DSC08709 DSC08719 DSC08777

Share.

About Author

-Општина Кривогаштани -Помлад соработник за правни прашања во одделението за урбанизам и заштита на животната средина - Е-mail: goce.neskoski@yahoo.com

Leave A Reply