Oткривањето на спомен обележјето во чест и вечен помен на нашиот македонски херој Љубе Грујоски

0

На големиот државен празник 11 Октомври, во Пашино Рувци беше откриен споменикот на нашиот сограѓанин и пријател Љубе Грујоски, кој загина на Карпалак во конфликтот во 2001 година.

Овој чин на откривањето на спомен обележјето во чест и вечен помен на овој наш македонски херој нема да ја исполни празнината што како колеги, пријатели, блиски ја споделуваме со неговите најблиски во изминативе 18 години од неговото трагично загинување.

Љубе Грујоски е роден на 1 ноември 1969 година во  село Пашино Рувци. За време на распаѓањето на СФРЈ, Грујоски дејствувал во кризните жаришта во Хрватска. Претходно бил во Шабац. Учествува во војната во 2001 година.

Љубе прво бил во касарната во Прилеп. Заминал за Тетово и веќе не се вратал дома. Загинува во заседата кај Карпалак  08 август 2001 година. Денес во Пашино Рувци како и во Прилеп  постои една улица Љубе Грујоски која е именувана во негова чест. Грујоски постхумно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Македонија.

FB_IMG_1571038525950       FB_IMG_1571038541181

received_2197484953877875 received_2679057198792017 received_2472987699474943 received_976652676018809 FB_IMG_1571038558085 FB_IMG_1571038531828 FB_IMG_1571038551881 FB_IMG_1571038538517 FB_IMG_1571038529331 FB_IMG_1571038554933  FB_IMG_1571038546503

На откривањето на споменикот присутни беа членови на семејството, претставници на Општината Кривогаштани, претставници на АРМ, претставници од здружението на Бранители, здружение на Карпалак, ЈКП Пелагонија, пензионерското здружение како и жители на Пашино Рувци.

Share.

About Author

-Општина Кривогаштани -Помлад соработник за правни прашања во одделението за урбанизам и заштита на животната средина - Е-mail: goce.neskoski@yahoo.com

Leave A Reply