Целосно изгаснат пожарот кај село Годивле

0

Пожарот кој започна на ден 01.09.2019 година на потегот на с.Подвис кон с.Годивле, Општина Кривогаштани е успешно локализиран. Гореше ниска дабова шума, сува трева и стрниште.

 

received_418917232312278

Пожарникарите од ТППЕ Кривогаштани успешно интервенираа со помош на работници од ШС Липа од Крушево и пожарникари од ТППЕ Крушево.

received_441683479813563 received_731741143962826

Со ваквата интервенција пожарот беше ставен под контрола и спречен да се прошири на уште поголема површина бидејќи веќе зафатената површина изнесуваше околу 100 хектари.

received_538471883559510

Пожарникарите околу 40 часа се бореа со огнената стихија што речиси стигна до куќите во селото, а ситуацијата беше доста алармантна.

received_2372374992852762

Share.

About Author

-Општина Кривогаштани -Помлад соработник за правни прашања во одделението за урбанизам и заштита на животната средина - Е-mail: goce.neskoski@yahoo.com

Leave A Reply