ЗАВРШИ ТРАДИЦИОНАЛНИОТ НОЌЕН ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ ВО КРИВОГАШТАНИ – ПОБЕДНИЦИ ЦЕНТАР БЕЛА ЦРКВА

0

Традицијата која се негува со години и оваа година заврши во најдобар ред со изиграни околку 70 натпревари во приближно 25 денови.

FB_IMG_1567423829019 (1)

Рекордниот награден фонд на кој општината го имаше главното покровителство, привлече голем број на фудбалери да бидат дел од овогодинешното издание на кривогаштанскиот турнир. Натпреварувачкиот дух на учесниците им направи добра забава на гледачите при што се реализира успешен турнир.

 

FB_IMG_1567423807992

Екипата на Центар Бела Црква го освои првото место на турнирот победувајќи ја екипата на Мотив Дизајн со 2-0 со што освои 120.000 денари, додека екипата на Мотив Дизајн заработи 60.000 денари. Во малото финале за 3 место борбата се одвиваше помеѓу екипите на Бучин и Мариго каде поуспешна беше екипата Мариго со 3-2 со што освои 30.000 денари, додека екипата на Бучин го освои четвртото место и освои 10 000 денари.

 

FB_IMG_1567423817061

Градоначалникот на општината Рубинчо Шефтероски им ги додели пехарите на трите првопласирани екипи. Индивидуалните награди ги понесоа Влатко Тошески од екипата Центар Бела Црква за најдобар играч на турнирот и Леонид Бозароски за најдобар голман од екипата Гурмано.

FB_IMG_1567423821724

Изразуваме благодарност до сите овогодинешни учесници на турнирот и со желба за уште една успешна организација, догодина се гледаме на истото место.

Share.

About Author

-Општина Кривогаштани -Помлад соработник за правни прашања во одделението за урбанизам и заштита на животната средина - Е-mail: goce.neskoski@yahoo.com

Leave A Reply