Јавен повик

0

Оглас ОКР

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и општина Кривогаштани, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, се објавува: Јавен повик  до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа.

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект  “Подобрени сервиси за позадоволни граѓани”  за работно ангажирање од 20 (дваесет) часа неделно за период од 9 (девет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Прилеп.

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

-Долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција,со предност на невработени лица над 5 години.

-Млади лица до 29 години

-Лица постари од 50 години

-Лица корисници на право на парична помош од социјална заштита или корисници на паричен надоместок по основ на невработеност.

-Жртви на семејно насилство.

-Лица со попреченост.

-Самохрани родители.

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на

Негувател  2(два) извршители (со завршено ССС со положена лиценца за негувател), ангажирани во градинката Весело Штркче Кривогаштани

Образовен асистент 3 (три) извршители (со завршено ВСС со положени педагошки предмети), ангажирани во ООУ Манчу Матак Кривогаштани и ООУ Јонче Смугрески Обршани.

јавен повик

Share.

About Author

-Општина Кривогаштани -Помлад соработник за правни прашања во одделението за урбанизам и заштита на животната средина - Е-mail: goce.neskoski@yahoo.com

Leave A Reply