ОБУКА ЗА ДОБРИ ПРАКТИКИ ВО ФАРМСКОТО ПРОИЗВОДСТВО

0
Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем дел од своите активности ги насочуваат кон подобрување на развојот на млечниот сектор во Пелагонискиот Регион.

Со цел да обезбедиме советодавна поддршка и да отвориме можности за нашите земјоделци да ги зголемат своите знаења за нови методи и добри практики во фармското прозиводство, се оствари соработка соМАШАВ – Израелска Агенција за меѓународна соработка и развој,што овоможи посета на израелски експерти на нашиот Регион за професионално ориентирани земјоделци во областа на сточарството.

За таа цел се спроведуваат обуки во делот на правилна исхрана на молзните крави и методи за превенција од маститис кој ќе се реализираат во соработка со Израелските консултанти Езра Шошани (Експерт за заштита од маститис кај молзни крави) и Шимон Офир (Експерт за исхрана на молзни крави)

Овие настани се предвидени во два термини и тоа:

Кривогаштани (Клуб на Пензионери)

Вторник 13 Ноември

Среда 14 Ноември

9:00-12:30:

• Нутриционистички упатства за секоја фаза по лактацијата

• Основни принципи за балансирана исхрана

 

9:00-12:30: Теоретски обука за 20-25 земјоделци од Кривогаштани на темите

  • Карактеристики на штала за млечни говеда
  • Засушување и сервисен период
  • Различни методи на засушување кај крави.

 

Share.

About Author

🌑 Општина Кривогаштани 🌑 Соработник зa Локален Економски Развој и Партнерство 🌑 Е-mail: npapuckoski@yahoo.com

Leave A Reply