ИЗВЕСТУВАЊЕ

0

СЕ ИЗВЕСТУВААТ ГРАЃАНИТЕ НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ, ИМАТЕЛИ НА БЕСПРАВНО ИЗГРАДЕНИ ОБЈЕКТИ, НА КОИ ЗАКЛУЧНО СО  3ти МАРТ 2011 година, им се изведени градежните и инсталатерските работи во целост И ИСТИТЕ ПРЕТСТАВУВААТ ГРАДЕЖНА И ФУНКЦИОНАЛНА ЦЕЛИНА, ДЕКА МОЖАТ ДА ПОДНЕСАТ БАРАЊЕ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРАВЕН СТАТУС НА БЕСПРАВЕН ОБЈЕКТ ДО 31 ДЕКЕМВРИ 2018 година, доколку немале поднесено барање согласно законот и истото не им било одбиено поради некомплетна документација (Закон за изменување на законот за постапување со бесправно изградени објекти ,,Сл.весник на РМ,, 190/2017).

(Барањата за утврдување на правен статус (легализација), со комплетна документација се доставуваат до надлежниот орган –Општина Кривогаштани)

Исто така, СЕ ИЗВЕСТУВААТ ГРАЃАНИТЕ НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ, КОРИСНИЦИ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, КОИ НЕ ПОДНЕЛЕ БАРАЊЕ ЗА ПРИВАТИЗАЦИЈА ДО 15-ти ДЕКЕМВРИ 2014 година, можат да поднесат барање за приватизација до 31 декември 2021 година. (Закон за изменување на законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост ,,Сл.весник на РМ,, 120/2018).

(Барањата за приватизација на градежно земјиште, со комплетна документација се доставуваат до надлежниот орган –Министерство за финансии- Управа за имотно правни работи – Подрачно одделение Прилеп)

Share.

About Author

🌑 Општина Кривогаштани 🌑 Соработник зa Локален Економски Развој и Партнерство 🌑 Е-mail: npapuckoski@yahoo.com

Leave A Reply