ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ ЌЕ ГРАДИ ВОДОВОДНА МРЕЖА ВО Н.М ВОЃАНИ

0

Општина Кривогаштани започнува постапка за изградба на дистрибутивна водоводна мрежа во н.м Воѓани, прва фаза – линија 2. Средствата за реализација на проектот се обезбедени преку Министерството за локална самоуправа , Бирото за регионален развој во висина од 1.400.000 денари  и Општина Кривогаштани со 328 000 денари.

Image (35)

Откако Градоначалникот на општината го потпиша договорот за кофинансирање со Бирото, следува подготовка и распишување на тендерска постапка за избор на изведувач на проектот по што ќе се започне со реализација на истиот.

Share.

About Author

🌑 Општина Кривогаштани 🌑 Соработник зa Локален Економски Развој и Партнерство 🌑 Е-mail: npapuckoski@yahoo.com

Leave A Reply