ПОСЛЕДНИ ПОДГОТОВКИ ВО НОВАТА ДЕТСКА ГРАДИНКА ВО ОБРШАНИ

0

Деновиве привршуваат последните подготовки од адаптацијата на просторот во ОУ Јонче Смугрески во Обршани каде што ќе биде сместена новата детска градинка која ќе работи во склоп на градинката Весело Штркче од Кривогаштани за која во завршна фаза се процедурите за добивање целосна самостојност и седиште во општината.

DSC04529

Во ист временски период се одвиваат и градежни активности за адаптација на просторот за нов Центар за ран детски развој во подрачното училиште Јонче Смугрески во Бела Црква, каде во најбрзо време после завршувањето на сите постапки, ќе  започне со работа уште една инсституција која ќе се грижи за младите и образованието на децата од предшколска возраст.

IMG_20180511_110348

Со овие проекти општината значително ќе го подобрат квалитетот на образование, на децата кои досега ја немаа можноста да го започнуваат своето стекнување на знаења уште од најмали години во установи за предшколска возраст во нашата општина.

DSC04528

DSC04525

DSC04367

Share.

About Author

🌑 Општина Кривогаштани 🌑 Соработник зa Локален Економски Развој и Партнерство 🌑 Е-mail: npapuckoski@yahoo.com

Leave A Reply