НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ВО ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

0

Инвестициската фирма Еуромедикус од Скопје во соработка со неколку странски инвеститори од Софија – Република Бугарија ги започнаа подготвителните активности од инвестицијата во н.м Славеј за оранжериско производство на масло од  канабис за медицински цели.

DSC04423

Делегација со претставници на инвеститорите во саботата беше во посета на Градоначалникот на Општина Кривогаштани Рубинчo Шефтероски, каде што го презентираа цеколупниот проект на инвестицијата која е предвидено да се простира на површина од 6,5 хектари каде од почеток ќе се отворат околу 25 нови работни места.

DSC04417

По завршувањето на состанокот во општинската згада во Кривогаштани се посети локацијата во населеното место Славеј каде што до крајот на месец Август годинава е предвидено да започне производствениот процес на инвестицијата.

DSC04425

Share.

About Author

🌑 Општина Кривогаштани 🌑 Соработник зa Локален Економски Развој и Партнерство 🌑 Е-mail: npapuckoski@yahoo.com

Leave A Reply