СЕ ПОДГОТВУВА НОВ ЦЕНТАР ЗА РАН ДЕТСКИ РАЗВОЈ ВО БЕЛА ЦРКВА

0

Општина Кривогаштани започна со реализација на проект за отворање на нов центар за ран детски развој во населеното место Бела Црква, каде во подрачното основно училиште Јонче Смугрески веќе се уредува просторот каде што ќе биде сместен центарот. Средствата во висина од 300.000 денари за адапатација, општината ги обезбеди преку УНИЦЕФ, кој што по завршувањето на градежните активности  целосно ќе го уреди и опреми ентериорот на просториите.

IMG_20180330_113242

Центарот ќе ги опфаќа дечињата од предшколска возраст од 3 до 6 години а вкупниот капацитет на центарот ќе изнесува 35 деца. Во населеното место Обршани веќе 2 години функционира центар за ран детски развој – Јаготка, кој е предвидено да  се реорганизира во детска градинка со целодневна настава, која што ќе биде во склоп на детската градинка Весело штркче од Кривогаштани.

IMG_20180411_094436

Општина Кривогаштани веќе ги привршуваат последните чекори за осамостојување на градинката ,,ВЕСЕЛО ШТРКЧЕ”  која досега функционираше под капата на прилепската градинка ,,НАША ИДНИНА”. Со овие чекори општината значително го подоби квалитетот на образование на децата кои сега ја имаат можноста многу порано да го започнат своето школување.

DSC04359

 

Share.

About Author

🌑 Општина Кривогаштани 🌑 Соработник зa Локален Економски Развој и Партнерство 🌑 Е-mail: npapuckoski@yahoo.com

Leave A Reply