Home / Информации / ЧИСТЕЊЕ НА ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ ВО ПОВЕЌЕ НАСЕЛЕНИ МЕСТА

ЧИСТЕЊЕ НА ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ ВО ПОВЕЌЕ НАСЕЛЕНИ МЕСТА

Општина Кривогаштани заедно со ЈП Пелагонија Кривогаштани деновиве извршија чистење на јавните површини во централните селски подрачја во населените места Крушеани и Бела Црква кои се затекнати во лоша состојба поради израсната вегетација и расфрлани отпадоци.

DSC03345

Општина Кривогаштани и Јавното комунално претпријатие Пелагонија ќе ја спроведат акцијата и во останатите населени места од општината се со цел одржување на чиста и здрава животна средина. Овие акции исто така треба да послужат како апел до населението за подигнување на јавната свест за незагадување на животната средина.

DSC03341

DSC03333

DSC03338