ДЕНОТ НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ ОДБЕЛЕЖАН СО СВЕЧЕНО ПУШТАЊЕ ВО УПОТРЕБА НА ДОГРАДБАТА НА ОПШТИНСКАТА ЗГРАДА

0

Денес Општина Кривогаштани го одбележува својот дваесет и прв роденден на кој Градоначалникот на општината Рубинчо Шефтероски во присуство на заменик Министерот за локална самоуправа Дејан Павлески свечено ги пуштија во употреба новите канцеларии во општинската зграда во Кривогаштани.

IMG_20171218_143418

Голем број на гости, граѓани, претставници на локалниот бизнис сектор, соработници, градоначалниците на соседните општини и општинската администрација, кои со желби за долгогодишна и успешна работа заеднички го прославија денот на општината.

DSC03201

Проектот за доградба и адаптација на општинската зграда во Кривогаштани беше финансиран од Министерството за финансии  преку ИПА грант во висина од 260 000 евра, со кој покрај реализацијата на овај проект општината доби нов зелен пазар, со пазар за млечни производи во склоп на пазарниот комплекс во Кривогаштани и промена на постоечкото осветлување на регионалните патишта низ општината со нови ЛЕД светилки.

DSC03268

DSC03158

DSC03244

DSC03238

Share.

About Author

🌑 Општина Кривогаштани 🌑 Соработник зa Локален Економски Развој и Партнерство 🌑 Е-mail: npapuckoski@yahoo.com

Leave A Reply