ВОЗОБНОВУВАЊЕ НА ТРАДИЦИЈАТА – БАДНИКОВА ПОВОРКА

0

250px-Coat_of_arms_of_the_Macedonian_Orthodox_ChurchМАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

-ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА ПРЕСПАНСКО ПЕЛАГОНИСКА ПРАВОСЛАВНА ЕПАРХИЈА-

-ЦРКОВНА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ-

ВЕ ПОКАНУВА

По повод Христовото раѓање – Божик, на 06.01.2018 година (сабота) во Кривогаштани ќе се одржи коледарската поворка со учество на дечињата од основните училишта. Имено, со Бадниковата поворка ja возобновуваме една прекрасна древна традиција, која, веќе насекаде во Македонија, прерасна во еден од најмасовните собири што радосно ги обединува најмладите од целата наша Татковина, огромни групи на деца се собираат за радосно да го најават Христовото Раѓање и да пренесат топла празнична порака, пеејќи ја старата коледарска песна „Вечниот Бог“. Затоа и ние го испраќаме нашиот топол апел, до сите деца, родители, до сите граѓани од целата наша општина, да се соберат во уште поголем број, да го привлечат Божјиот благослов за нашиот народ.

Истовремено, нашата Света Македонска Православна Црква силно го благословува и повикува верниот народ од нашата општина да се вклучат и да излезат додека коледарчињата се движат по улиците на Кривогаштани каде што ќе минуваат со пештерката најавувајќи го Христовото раѓање и да ги даруваме со најразлични дарови: колачиња, ореви, костени, разни видови овошје и сл.,  молејќи Го штедриот наш Бог Исус Христос, да им испрати што повеќе сили за докрај да го завршат ова големо дело.

Бадниковата поворка ќе започне од храмот Свети Димитриј – Кривогаштани во 10:00 часот и ќе продолжи да се движи по булеварот, застануваат пред општинската зграда каде градоначалникот на Општина Кривогаштани и вработените ги даруваат коледарчињата со пригодни подароци, потоа продолжуваат да се движат до храмот Свети Теодор Тирон и завршуваат и ја оставаат пештерката во храмот Свети Никола.

Share.

About Author

🌑 Општина Кривогаштани 🌑 Соработник зa Локален Економски Развој и Партнерство 🌑 Е-mail: npapuckoski@yahoo.com

Leave A Reply