ОДРЖАНА ПРВАТА ЈАВНА ТРИБИНА ВО ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

0

Во текот на вчерашниот ден во општинската кино-сала во Кривогаштани, за прв пат се одржа отворена јавна трибина на која жителите на општината имаа можност да го искажат својот став и заеднички да дадат мислење до советот на општината, за предлогот за користење на поволни кредитни средства за реализација на предложените два проекти:

23131909_157514854985358_2382375421362209806_n

1. Промена на 300 улични светилки со нови ЛЕД-економични светилки.
2. Адаптација на стара училишна зграда во Кривогаштани во музеј.

23244315_157515388318638_2634589618351840624_n

Присутните жители на средбата дадоа заедничко мислење и приоритет за реализација на првиот прокт за промена на 300 улични светилки во сите населени места во општината, бидејќи истиот е самоодржлив и може да ги оправда вложените средства, додека за вториот проект за адаптација на старата училишна зграда во Кривогаштани во музеј, се донесе мислење дека истиот не претставува приоритет за кој треба да се користат кредитни средства.

23231430_157514471652063_4688369846669302481_n

Донесеното јавно мислење од оваа трибина треба да послужи на членовите на советот на општина Кривогаштани кои ќе ја донесат конечната одлука за истиот. 23244191_157515384985305_7729936822927323888_n

Share.

About Author

Leave A Reply