ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД 11ти ОКТОМВРИ ДЕНОТ НА НАРОДНОТО ВОСТАНИЕ

0

Низ вековите македонскиот народ многу пати се дигал против тираните, но АСНОМЦИТЕ се тие кои ни ја подарија слободата во која живееме сега. Овие слободољупци оставиле аманет да ја чуваме со крв спечалената слобода на татковината, амантет кој треба да се цени и почитува. За нас Македонците Антифашистичката борба беше момент на национално будење, потврда дека сме спремни самостојно да ја одбраниме татковината, и самостојно да ги удриме темелите за независна република.

Овој голем празник е причина повеќе за да се потсетиме дека Македонија е, и секогаш била на страната на прогресот, слободата и демократијата.

За многу години нека ни е празникот и вечен спомен на загинатите борци.

Share.

About Author

Leave A Reply