Од Кривогаштани започна трката „ФИС ролер ски куп Тоше Проески”.

0

Од денеска, па во наредните денови од викендот, на патеката Кривогаштани-Крушево ќе се одржи првиот меѓународен „ФИС ролер ски куп Тоше Проески”. Организатори на настанот се Агенција за млади и спорт на Република Македонија, Скијачка Федерација на Република Македонија, Фондација Тоше Проески и клубот Олимпик Скии – Крушево како и општина Крушево и општина Кривогаштани. Стартот  започна од пред општинската зграда во Кривогаштани а ќе заврши во Крушево. На стартот присутен Беше и градоначалникот Тони Заткоски од Општина Кривогаштани кој на натпреварувачите им посака успешен натпревар.

Натпреварите ќе се одвиваат во две категории: мажи и жени. Оваа дисциплина влегува на бодовната листа на Меѓународната скијачка организација (FIS) за Зимските Олимписки игри во Пјонгчанг во 2018 година. „Меѓународниот „ФИС ролер ски куп Тоше Проески”, би сакале да прерасне во традиционален рол ски куп, а истовремено и најреномиран на балканските простори и на тој начин да створиме традиција која најдобро ќе го отсликува спортскиот лик на градот Крушево. Со тоа нашите натпреварувачи ќе добијат уште една можност да бидат наши амбасадори претставувајќи и промовирајќи ја Република Македонија на најдобар можен начин“- велат организаторите.

Share.

About Author

Leave A Reply