Посета на заменик амбасадорот на Швајцарија во Македонија Стефан Тоџоман на Општина Кривогаштани

0

Локалната акциска група ЛАГ Агро Лидер и општина Кривогаштани во рамките на проектот “Операционализација на ЛИДЕР пристапот во Македонија“ денес свечено го пуштија во употреба паркот “Титов парк“ во населеното место Обршани, општина Кривогаштани. На свеченото отворање присуствуваше и заменик амбасадорот на Швајцарија во Македонија Стефан Тоџоман.
Целта на проектот беше да се поттикне локалното население да почне да се вклучува и да спроведува иницијативи во нивните население места. Со заедничко вложување и иницијатива може да се направи многу со помалку финансиски средства. Паркот е сеуште во градежна фаза и тука не прекинува доградбата на иститот.
Локалната акциска група Агро Лидер е организација која веќе активно работи на териториите на општините Кривогаштани, Крушево и Долнени и спроведува акции и иницијативи за подобрување на квалитетот на живот во руралните средини.
Проектот финансиски е поддржан од Асоцијација за иновации во руралната економија (АИРЕ) и Швајцарска агенција во Македонија. Соработници и поддржувачи на проектот се и СЕКЕ ДООЕЛ ПРИЛЕП.

Share.

About Author

Leave A Reply