ОФИЦИЈАЛНО ЗАПОЧНА ОВОГОДИНЕШНОТО ИЗДАНИЕ НА ТРАДИЦИОНАЛНИОТ НОЌЕН ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ ВО КРИВОГАШТАНИ

0

Синоќа и официјално беше отворено овогодинешното издание на традиционалниот ноќен турнир во мал фудбал во Кривогаштани каде учество земаа 24 екипи од цела Пелагонија и пошироко. Турнирот е предвидено да има 19 натпреварувачки дена со по 5 натпревари.

20664084_376994932716219_7362265811552525082_n

Финалната вечер е предвидена да се одржи на на 27 Август вечерта наспроти христијанскиот празник Голема Богородица.

Годинава идентично како и минатата, наградниот фонд изнесува 105 илјади денари од кои победникот ќе добие 60.000 денари, второпласираната екипа добива 30.000 денари додека победникот во малото финале добива 15.000 денари. Покрај овие награди ќе биде доделена и награда за најдобрите поединци на турнирот за најдобар голман и играч.

Share.

About Author

🌑 Општина Кривогаштани 🌑 Соработник зa Локален Економски Развој и Партнерство 🌑 Е-mail: npapuckoski@yahoo.com

Leave A Reply