Коњаницата од илинденскиот марш и оваа година дочекана во Кривогаштани

0

Дваесетина коњаници од Горно Лисиче на 27.08 го почнаа 39  „Илинденски марш 2017“ кој треба да заврши на 2 август во Крушево. Коњаниците кои се на возраст од 18 до 65 години, а меѓу нив има и една девојка, по пристигнувањето во Крушево ќе се приклучат на прославата по повод најголемиот национален празник – Илинден.

Коњичкиот марш е во организација на Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978, а традиционален покровител е општина Аеродром.

Традицијата во Кривогаштани продолжува, како и секоја година така и оваа општината им приреди традиционален пречек на коњаниците кои јавајќи поминуваат стотици километри се со цел одржување и негување на долгогодишната традиција на одбележувањето на најголемиот национален празник ИЛИНДЕН. Покрај коњаниците Кои тргнуваа од Горно Лисиче, нив им се приклучија и десетина коњаници кои тргаа од Манастирот Јован Бигорски.

Триесет и петте коњаници беа поздравени од насобраните граѓани со топло добредојде по што добија заслужен одмор и им посакаа лесен пат до Крушево, со желби до година повторно да ја посетат општина Кривогаштани. Градоначалникот им посака пријатен пручек во храмот Св. Димитрија, како и добар пат кон Крушево.

DSC08693 DSC08681 DSC08645 DSC08605

Share.

About Author

Leave A Reply