Home / Информации / ВО НАЈАВА НАЈНОВОТО ИЗДАНИЕ НА ТРАДИЦИОНАЛНИОТ НОЌЕН ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ ВО КРИВОГАШТАНИ

ВО НАЈАВА НАЈНОВОТО ИЗДАНИЕ НА ТРАДИЦИОНАЛНИОТ НОЌЕН ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ ВО КРИВОГАШТАНИ

Годинава продолжува традицијата во Кривогаштани, под покровителство на општина Кривогаштани, во организација на ЛАЛ Агро Лидер се подготвува традиционалниот августовски ноќен турнир во мал фудбал кој оваа година исто како и претходната го има највисокиот награден фонд од своето постоење.

jtFJ21501228945

Во најава е да се случи еден од поголемите турнири во регионот кој  е предвидено да започне на 9 Август и ќе трае дваесетина дена а финалната вечер е закажана за 27 Август ноќта пред верскиот празник Голема Богородица.

После минатогодишната организација на новото повеќенаменско игралиште во Кривогаштани, годинава турнирот повторно ќе понуди забава, фудбал, награди и изненадувања за публиката и натпреварувачите.

Сите заинтересирани екипи, спонзори и играчи имаат прилика да го пријават своето учество до 7 Август кога и ќе се одржи влечењето групите.

Ве очекуваме !!!