Уредување и опремување на парк во населено место Обршани

0

Во населеното место Обршани, општина Кривогаштани, веќе долго време простор од  1000 м2 е запуштен и несреден. Со популација од околу 800 жители и неискористен простор, населеното место нема соодветен простор кој би се користел за дружба и за поминување на слободно време.

Проектот “Младите за заедницата“ се однесува токму на тоа: уредување и опремување на парк во населено место со активно вклучување на локалното население, особено на младите.  Главна цел на проектот е зголемување на степенот на ангажираност на младите за општествените процеси во општина Кривогаштани

Со иницијатива на младите од општина Кривогаштани би се изградило ново, мало паркче во населеното место Обршани. Ова би било прв случај каде жителите на општината самоиницијативно би ја уредувале парцелата, би го облагородувале просторот и би создале една средина која би била восхит за секое око и уживање за секој посетител. Со уредувањето, паркот би станал место за дружба, особено за младите. Иницијативата ќе му покаже на населението и на младите дека понекогаш,  е потребно само поголема креативност и поголемо вклучување иако буџетот е мал.

Подносител на проектот е Ветеринарна клиника – Прилеп  во рамките на Локалната Акциона Група Агро Лидер – Кривогаштани, додека  соработници во спроведување на иницијативата се ЕЛС Кривогаштани, СЕКЕ Прилеп и СОУ Орде Чопела – насока хортикултура.

Проектот е финансиран од Асоцијација за иновации во руралната економија АИРЕ Скопје, во рамките на проектот Операционализација на ЛИДЕР пристапот во Македонија.

Дополнително со оваа активност, ќе се спроведе и активност за чистење на околината на паркот во село Обршани. Оваа активност ќе се спроведе во соработка со СЕКЕ Прилеп во рамките на проектот “Одржливи земјоделски принципи и практики“. Согласно програмата на СЕКЕ за заштита на животната средина и заштита на детски труд, оваа активност има за цел активно вклучување на локалното население (тутунопроизводители) во заштитата на животната средина, а исто така и подигање на свеста за важноста и значењето на животната средина.

СЕКЕ Прилеп ќе се појави и како донатор на опрема на проектот за уредување и опремување на паркот во село Обршани.

WP_20170627_11_21_54_Pro WP_20170627_11_21_59_Pro WP_20170627_11_21_48_Pro

Share.

About Author

Leave A Reply