Проект “Предводи ја промената – Општинска стратегија за социјална заштита на маргинализирани групи“

0

Здружение за рурален развој “Локална акциона група – ЛАГ Агро лидер – Кривогаштани“ го имплементира проектот “Предводи ја промената – Општинска стратегија за социјална заштита на маргинализирани групи“.

Главна цел на проектот е да се подобри благосостојбата на маргинализираните групи со ангажирање на заедницата (локалната самоуправа и граѓанскиот сектор) и зајакнување на системот за социјална заштита и превентивна заштита на сите општински сектори и нивоа.

Една од планираните активности која се одржа на 05.06.2017 (понеделник) во општина Кривогаштани и 06.06.2017 (вторник) во општина Долнени е Организирање на форуми со формални и/или неформални маргинализирани групи, локалните самоуправи, Центарот за социјална работа и други релевантни чинители. На форумите се идентификуваат клучните проблеми, приоритети и предизвици на маргинализираните групи во однос на социјаланата заштита. Експерт и водач на форумите беше Kai Leichsenringод European Centre for Social Welfare Policy and Research – Austria, кој е еден од креаторите на општински стратегии за социјална заштита во Австрија

Како резултат од овие форуми ќе произлезе Општинска стратегија за маргинализирани групи која ќе биде поднесена пред Советот на општина Кривогаштани. Стратегијата ќе биде изработена по европски стандарди (по пример на Австрија) и ќе биде првиот чекор во остварување на основните права на маргинализираните групи.

Пилот проектот ќе се реализира во општините Кривогаштани и Долнени, односно Пелагониски регион.

Придобивки од проектот ќе имаат маргинализираните групи од двете општини, локалната замоуправа, како и граѓанскиот сектор.

Проектот е финансиран од програмата Цивика Мобилитас.

lag 1lag2lag3lag4lag5

Share.

About Author

Leave A Reply