Годишна средба на граѓанските организации корисници на ИПА2

0

Центарот за европски стратегии „Евротинк“, Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“, „Реактор – истражување во акција“ и Асоцијација за развојни иницијативи „Зенит“, денеска и утре, во Охрид, ја одржуваат годишната средба на корисниците на механизмот за граѓански организации ИПА2.

Овие и други поканети граѓански организации и асоцијации, во хотелот „Метропол“ во Охрид, дебатираат и бараат решенија за секторските предизвици и идеи за секторска комуникација и за вмрежување.

Исто така, ќе бидат презентирани досега спроведените активности на механизмот ИПА2, како и активностите планирани за иднина.

Граѓанските здруженија и организации од општина Кривогаштани зедоа активно учество на настанот со цел вклучување во понатамошните активности на ИПА механизмот и подобрување на соработката, организацијата и комуникацијата помеѓу институциите и организациите со користење на поволностите од ИПА 2 механизмот.

22 18518848_10209378677439608_503813819_n

Share.

About Author

Leave A Reply