Прво место на регионален натпревар „Детски семафор

0

Согласно датумите за одржување на сообраќајно воспитните манифестации „Детски семафор“ и „Сообраќајно техничка култура на младите“, оваа година на 13.05.2016 година во ООУ „Гоце Делчев“ Прилеп, се одржа регионалниот натпревар „Детски семафор“. На натпреварот учествуваа екипи од општините Прилеп, Кривогаштани, Долнени, Крушево и Македонски Брод. Ученичката од шесто одделение Емилија Ацеска од ООУ Манчу Матак од Кривогаштани, освои прво место на регионалниот натпревар со што дирено се пласира за државен натпревар кој ќе се одржи во сабота во Скопје.18492611_10209028469810404_1648666811_n

Share.

About Author

Leave A Reply