Ограда во кругот на ЦРДР Јаготка

0

Продолжува соработката со Здружението Изгрев и Општина Кривогаштани. Денес претставници на Здружението Изгрев заедно со волонтери од Америка, во кругот на ООУ Јонче Смугрески и во кругот на Центарот за ран детски развој Јаготка, каде претходно беа поставени детски реквизити денес се работеше на нивно оградување. Волонтерите цело време беа вклучени во работата на оградата и реновирањето на детските реквизити. Исто така Здружението Изгрев и во кругот на градинката Весело Штркче во 2014 година наместија детски реквизити кои на најмалите им овозможија безбедна и непречена игра. Еден дел од тимот на волонтерите ја посетија градинката Весело штркче каде исто така ги обновија боите на детските реквизити.

izgrev 1 izgrev 2 izgrev 3

 

Share.

About Author

Leave A Reply