Се одигра тетарската преставата „Љубопитната принцеза“

0

Денес во Кинно салата во Кривогаштани, пред учениците од ООУ Манчу Матак се одигра преставата „Љубопитната принцеза“ во адаптација на познатата актерка Шенка Колозова. Актерската екипа ја сочинуваа Ванчо Петрушески (царот), Владо Дојчиноски (принцот), Пируника Киселичка (принцезата) и Дубравка Киселичка (лошата Самовила).

Основната идеја на оваа претстава е забава и воедно едукација на децата за почитување на основните човекови вредности. Преку актерската игра, на внимателно избран начин, адаптиран за возрасната целна група, создадовме бајка која е интерактивна и која успешно го задржува вниманието на децата од почетокот до самиот крај. Успеавме на духовит начин да ги проткаеме пораките за почит кон повозрасните, да ја прикажеме вечната борба помеѓу доброто и лошото и да ги насочиме децата самите да го изберат вистинскиот пат- патот на љубезноста, добрината и љубовта.

Во оваа бајка се раскажува за една принцезичка која заради својата сопствена љубопитност ќе ја ослободи лошата самовила Лошка, по грешка и така за миг ќе ги загуби својот татко и нејзиниот љубен принц Артур. Преку низа перипетии и игри во кои децата интерактивно учествуваат, таа ќе успее, сепак со нивна  помош  да ја победи Лошка , да се ослободи од неа и од нејзините  моќи. Па така ќе ги ослободи  своите мили и сакани. Нејзиниот татко Кралот и љубениот принц и така како што бива, ќе направат голема свадба и среќно ќе живеат до крајот на животот.

 

Share.

About Author

Leave A Reply