Честитка на Градоначалникот Тони Заткоски по повод Први мај

0

Први мај од секогаш претставувал симбол за борба на работничките права и израз на работничката солидарност.  Овој празник не потсетува на потребата секојдневно да вложуваме максимални напори за да допринесеме да се намали бројот на невработени.

Секој кој работи и се труди без разлика дали тоа го врши во полето или изведува некоја интелектуална работа е подеднакво важен, и секој на сопствен начин придонсува да оди напред нашето општество. Вие кои работите ви посакувам да бидете успешни и ефикасни, брзо и лесно да ги остварувате своите цели. Зошто само преку работата можеме да ја изградиме татковината и да имаме подобар животен стандард за нас и поизвесна иднина за следните генерации. Нека ни е честит празникот Први мај.

Градоначалник на Општина Кривогаштани – Тони Заткоски

Share.

About Author

Leave A Reply