Состанок на Управниот Одбор на Локалната Акциона Група Агро Лидер

0

На 20.04.2017год Управниот Одбор на Локалната Акциона Група Агро Лидер каде учествува и општина Кривогаштани одржа состанок во општина Кривогаштани. Цел на состанокот беше усогласување на документите на здружението во согласност со регулативите на ЕУ заради исполнување на критериумите за акредитација на ЛАГ-ови и овозможување упис во Регистарот за ЛАГ-ови кој се очекува да биде отворен во месец септември оваа година.

DSC03328

Ова се важни чекори за обезбедување на пристап до ЕУ фондови наменети за спроведување на ЛЕАДЕР пристапот преку Локалните Акциони Групи и овозможување на реализација на проекти за подобрување на квалитетот на живот и овозможување рурален развој на територијата на ЛАГ-от.

 

Share.

About Author

Leave A Reply