Заврши делот од проектот кој се однесува на уличното осветлување

0

Заврши делот од проектот кој се однесува на уличното осветлување на регионалните патишта низ територијата на општината со нови лед светилки. Во првата фаза од проектот,  монтирани се лед светилки во населените места Кривогаштани, Крушеани и Обршани, Воѓани и Бела Црква вкупно променети се 164 лед светилки.

Продолжуваат градежните активности на фирмата БВ Инженеринг – Битола за реконструкција и адаптација на општинската зграда во Кривогаштани, и трет проект кој е во тек е изградбата на нов модерен зелен и млечен пазар веднаш до новоизградениот сточен пазар, за да општина Кривогаштани го добие најмодерниот пазарен комплекс во државата.

Целокупната инвестиција на проектот изнесува 16,000,000 денари или 260.000 евра средства обезбедени преку ИПА компонента – грант за подобрување на општинските услуги.

Share.

About Author

Leave A Reply