Се одржа општинскиот натпревар „Детски семафор“

0

Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот и двете основни училишта во општината денеска го одржаа општинскиот натпревар „Детски семафор“. Натпреварот се спроведува со цел сообраќајно образование и воспитување на децата и младите како и поради подигнување на степенот на сообраќајна култура кај учениците. Резултатите од истражувањата во развиените општества покажуваат дека најдобрите резултат се покажува ако се учи од мала возраст. На натпреварот учествуваа 30 ученици по 15 ученици од двете училишта.DSC07919

Ученици кои продолжуваат на регионалниот натпревар кој ќе се одржи на 10 мај во Прилеп се: од 4,5 и 6 одделение: Здравкоска Александра, Симона Стомнароска, Петар Кромидоски, и Марио Ујгуноски. 7,8,9  одделение Петреска Михаела и Дино Мискоски.

DSC07914

Share.

About Author

Leave A Reply